Татко кој загуби 26-годишна ќерка во автобусот на Беса во Бугарија во одбрана на шоферот Љупчо
Денес се навршуваа точно година дена од автобуската не среќа на „Беса транс“ во Бугарија која однесе животи на 45 лица од Македонија. Семејствата кои останаа без своите најблиски сведочеа за последните моменти на нивните најблиски.
Меѓу нив беше е и 26-годишната девојка, ќерка на Мухедин од Македонија, со која се слушнал само еден час пред страшната не среќа.
Нејзиниот татко за бугарски БТВ вели дека пријателка на ќерка му и предложила да одат на шопинг 2-3 дена во Истанбул.
„Таа беше нејзина пријателка од детството. Тие беа заедно од својата 5-та година и како да сакаше Господ да бидат заедно дури и во последен момент“, вели тој.
За разговорот со ќерката вели дека бил убав, односно девојката видела дека е вклучен на интернет и му се јавила за да го слушне.
„За мене таа ноќ беше многу тешка – заспав и се разбудив. Во 6 часот и 15 минути се разбудив и случајно го зедов мобилниот телефон и прочитав дека во Бугарија имало не среќа со автобус.
Не пишуваше кој автобус. Се јавив во агенцијата што го организираше патувањето на ќерка ми – нема одговор. Ја повикав и нејзината пријателка – а таа не крена“, додал таткото на девојчето.
Неколку часа подоцна, Мухедин дознал дека неговата ќерка по чинала. Денеска вели дека единствено што сакаат со неговото семејство е вистината.
„Не можеме да ги вратиме нашите деца, но сакам да знам. Има многу теории на заговор дека имало бензин, дека превезувале – интересно е“, додаде Мухедин.
Инаку, при увид по не среќата беа пронајдени канти со гориво, но според бугарското обвинителство тие воопшто не се запалиле.
Во случајот беа испрашани повеќе од 30 сведоци. Направени се и голем број вештачења, велат од обвинителството. Еден од нив ја утврди причината за см ртта на 45-те лица.
„Утврдено е дека повеќето се упокоиле од термички удар и задушување од пожарот“, истакнаа тогаш од обвинителството.
Водечката верзија за не среќата е човечка грешка.
„Од изготвениот заклучок на вештаците јасно се гледа дека возачот возел со преголема брзина и изгубил контрола над возилото“, изјави портпаролот на обвинителството.
„Кога слушнав дека Љубчо бил шоферот се изненадив. Бидејќи го знам, има големо искуство. Кога и да го видев ќе беше или во кола, камион или автобус. Не верувам дека толку може да згреши за да го предизвика сето тоа