(ФОТО) Комити вечерва јавно упатија силна и моќна порака до полицијата
Како што беше најавено, вечерва на националната арена во Скопје се игра пријателскиот меч помеѓу Вардар и Железничар од Босна и Херцеговина.
На истио клубот слави 75 години од постоењето, а навивачката група Комити го слави 35-от роденден.
Најверните вардарови навивачи со кореографија ја почнаа роденденската прослава за јубилејот 35 години од формирањето на најголемата македонска навивачка група.
Комити до крај го исполнија долниот дел од западната трибина на пресметката со сараевски Жељо, која почна со почетен удар од легендарниот Кочо Димитровски, кој целата кариера ја мина во црвено-црниот дрес.
Во продолжение од мечот имаше и големо пиротехничко шоу поради кое и мечот за кратко беше во прекин поради димната завеса што се направи.
Најверните навивачи на „црвено-црните“ цел меч имаа активности од западната трибина од каде што упатија и моќна порака до полицијата.
Ќе сведочат некогаш полициските архиви дека сме го издржале секој ваш напад, кр вави траги крие досието Комити запад