(ФОТО) Македонката Ивона е вистинска ѕвезда на СП во Катар – притоа и е укажанa голема чест
Светското првенство во Катар е најскапото во историјата. Трошоците за организација изнесуваат неверојатни 200 милијарди долари. Русија пред четири години потроши 20 пати помалку пари за организацијата на СП.
Сјајните нови стадиони чинат повеќе од седум милијарди долари, додека системот на подземната железница што поврзува пет од осумте стадиони чинеше околу 36 милијарди долари.
Трошоците за проширување на меѓународниот аеродром Хамад, каде капацитетот беше зголемен од 40 на 58 милиони патници годишно, исто така изнесуваа неколку милијарди долари. Се изградија патишта, хотели, сали
Со само 2,8 милиони жители, Катар е една од најбогатите земји во светот. Голем дел од трошоците за инфраструктура што му се припишуваат на Светското првенство се дел од поширокиот план за развој на земјата до 2030 година.
Фудбалските возбудување веќе се во тек, а за жа л на најголемиот светски турниер ја нема Македонија која беше никогаш поблиску до пласман на едно СП.
Но македонските знамиња ги има по стадионите во Катар, пред се поради навивачите кои решија да следат некој натпревар.
Еден помалку познат факт за нашата јавност е дека една Македонка е вистинска ѕвезда во моментов во Катар.
Станува збор за Ивона Крстева од Кавадарци која работи како стјуардеса за една од најголемите авиокомпании Катар ервејс.
Згодната и симпатична Ивона е фронт фејс за светското првенство на компанијата, а нејзиниот лик е на билбордите ширум државата.