(ФОТО) Македонци во Германија подгответе се: Гавазова најави цунaми
Сузана Гавазова, една од најдобрите македонски фолкерки и воедно најбарани и понатаму продолжува да биде актуелна на свој начин.
Сузе ја има буквално сегде, што прослави, што настапи по локали, но и на отворено. Едноставно публиката си ја сака Сузе, а таа знае како да возврати и да направи забава за паметење.
Освен тоа Сузе е докажана и на приватен план каде е посветена и грижлива мајка на двете ќерки Емили и Селена кои ги има со сопругот Јасмин кој е по потекло од Босна а заедно живееја во Шведска.
Пејачката е една од ретките која навистина многу се грижи за својот физички изглед. Освен што плени со својата несекојдневна боја на глас, таа воодушевува и со својата става.
Дека е среќна, исполената и задоволна жена, Сузе тоа постојано го покажува и докажува преку честите објави на социјалните мрежи и интервјуата во медиумите. Непосредна, спонтана и со харизма која публиката ја сака.
Овојпат Сузе се огласи на својот профил на инстаграм каде објави фото стори од скопскиот аеродром со свои колеги музичари.
Доаѓа цунами во Дортмунд, дали сте спреми порача Гавазова