(ВИДЕО) Премиерот Ковачевски не одолеа: Извади пари и си купи ракија и тоа по солидна цена
Честитки за организацијата на првиот национален саем за храна и пијалаци на кој учествуваа 40 здруженија и над 200 изложувачи на храна и пијалаци од целата земја.
Денешниот саем е вистинската слика за тоа што значи оваа наша македонска земја. Богатство на вкусови, мириси, бои, богатство за сите сетила.
Под нашето македонски сонце растат многу специфични, автохтони македонски сорти грозје, од кое се прави најубавото македонско вино. Сонце под кое растат највкусните македонски овошја, зеленчуци, жита, мешунки, од кои се прави најбавото тавче гравче, најубавите пити, највкусниот ајвар, лутеница, сарма, туршија.
Имаме плодна почва и поднебје, долги години традиција имаме богатство кое го нема на ниедно друго место на светот.
Затоа домашното производство на храна е приоритет. Затоа нашата поддршка за земјоделците, сточарите, лозарите, за овоштарите е континуирана и во насока на зголемено производство на храна. Мерките што досега ги преземавме, даваат резултат. Храна ќе има за сите.
Верувам дека денешниот Саем ќе прерасне во традиција и ќе биде наше национално обележје, бидејќи знам колку труд и колку љубов се вложени домашното земјоделство и производство на храна.
Премиерот Димитар Ковачевски од првиот национален саем за храна и пијалоци премиерот си купи жочта ракија за 350 денари.
Тој рече дека за нивната ракија дознал уште во Белград за време на саемот на Отворен Балкан и тогаш сите му ја фалеле дека е многу добра.