(ФОТО) Сите ги знаеме Александра и Душко, децата на Зоран Заев, но еве како изгледале како мали
Веќе поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев иако се повелече од политичката сцена и понатаму знае да биде интересен за јавноста.
Зоран Заев важи за доста опуштен лик кој често знае да излезе од протоколарните говори, но е и сериозен фамилијарен човек. Во брак е со сопругата Зорица со која имаат две деца, ќерката Александра и синот Душко.
Александра во последно време се почесто ја има во медиумите. Младата девојка знае како да ужива во животот и често патува надвод од Македонија со своите пријатели.
Ќерката во моментов е студент по медицина во соседна Бугарија, поточно Софија, додека синот Душко живее во Струмица и веќе навлезе во бизнисот.
Во едно интервју Зоран Заев за својата ќерка рече дека таа имала голема желба да стане докторка па затоа се запишала на медицина. Тој кажа дека за првпат во фамилијата Заеви ќе имаат еден лекар.
Денес во фамилијата на Заев има убава причина за радост и прослава, а тоа е роденденот на синот Душко.
Па дада Александра му го честиташе со една фотографија од архива која датира од пред една деценија, а можеби и повеќе кога биле мали