(ФОТО) Татјана Стојановска слави роденден – сопругот ја подмлади честитајќи и на оригинален начин
Татјана Стојановска е една од ретките жени во Македонија која важи за една од најубавите, а многупати медиумите и го даваат епитетот дека старее како добро вино.
Татјана Стојановска долги години важи за добро познато лице на македонската јавност и со право го носи епитетот за една од најдобрите, најелегантни и најискусни македонски ТВ презентерки.
Во последно време таа особено внимава на својот изглед, но се реши и за неколку промени, ја промени бојата на косата но и направи корекција на усните.
Освен тоа, во една прилика таа проговори и за убавината, дека не се пл аши од староста и годините, но и за тоа дека почнала да употребува бо токс и фи лери за да го освежи својот изглед.
– Јас не сум противник на естетската хиру ргија, сметам дека секој кој што мисли дека отстранувањето на некои недостатоци ќе му ја зголеми довербата и ќе го подобри нивното расположение, треба да го сторат тоа.
Немам направено естетски зафати. Јас велам дај Боже да остареме, да ги добиеме тие брчки и се што доаѓа со годините, затоа што тоа е вредност во животот.
Татјана е во неформален брак со маркетинг консултантот Михаил Китановски со кого се долги години во врска и се уште ја негуваат љубовта како на почетокот.
-Со Михаил сме заедно 8 години, од кои 7 години живееме заедно. Се запознавме на одмор во Турција 2012, каде бевме со децата и таа пријателска дружба премина во врска, а по една година продолжи и како заедничко живеење.
Секако поради одредени околности, прилагодувања, не дојде до официјализирање на врската, но заедничкото живеење без формализирање е неформален брак секаде во светот, нели? “, вели презентерката.
Инаку, денеска за Татјана е посебен ден, таа слави 38ми роденден а по тој повод Михаил и честиташе: Среќен 33, моја драга љубов.