Антониа Гиговска: Е стварно нема смисла значи
Една од најпознатити светски поп-ѕвездата Ријана повторно заблеска на сцената по петгодишна пауза, настапувајќи на полувремето на „Супербоул“, најгледаниот спортски настан во САД.
Пејачката по настапот потврди дека е бремена по втор пат, а за време на настапот неколку пати го допираше стомакот.
Ријана пееше и танцуваше на пловечка платформа, која полека се спушта кон тревникот каде „Канзас Сити чифс“ и „Филаделфија иглс“ се бореа за титулата најдобар НФЛ тим оваа сезона.
Оваа информација ја пренесоа бројни светски, но и регионални и македонски медиуми и предизивка доста реакции.
За потсетување неодамна во јавноста за блажена состојба сподели и една од најпознатите македонски млади пејачки.
Веќе погодувата за која станува збор, а тоа е Антониа Гиговска која воедно и си доби веренички прстен.
Во една од објавите на фејсбук за бременоста на Ријана имаште интересен коментар кој што вели:
„Ќе има сега повеќе материјал и Ријана и Антониа, како ќе постигнете“ напиша извесна Христина, а овој коментар не и побегна на нашата пејачка која напиша:
„Е стварно нема смисла значи. Како ли ќе постигнат сега? Ријана честитки кралици“