Антониа Гиговска: Луѓе стварно било тешко
Познатата наша пејачка Антониа Гиговска која ги доживеа најголемите успеси во својата музичка кариера периодов, реши привремено да ја прекине кариерата, од и тоа како убави причини.
Имено, пејачката на својот Инстаграм профил сподели дека очекува бебе. Веќе е во третиот триместар од бременоста, а за секој посебен момент ги известува своите следбеници на социјалните мрежи.
22-годишната пејачка, која го очекува своето прво дете, често споделува фотографии на кои го покажува пораснатото трудничко стомаче.
Таа од 30-ти април и официјално е во брак, откако со музичарот и колега од нејзиниот бенд, Роберт Спасенцоски си кажаа „да“ и ставија параф во матично. Тоа го потврди Гиговска со објавата на својот Инстаграм профил обзнувајќи дека таа и Роберт станале споружници пред законот и приложи серија фотографии.
Овојпат, Гиговска на Инстаграм стори сподели нешто што и паѓа навистина тешко за време на бременоста:
Во живот волку благо не ми се јадело, за веднаш потоа да напише: Луѓе стварно било тешко да јадеш многу..ја не знам што е со мојов апетит. Изгледа дури сега ми се испостави за точно она дека јадеш за двајца