Атиџе одново во проблеми – повторно се злоупотребува нејзиното име и труд
Атиџе Муратова преку ноќ стана јавна ѕвезда благодарение на филмот „Медена земја“, но за кратко време беше заборавеме од многумина кои ја искористија нејзината пет минутна слава.
Една од ретките која остана да ја дружи и да ја помага е водителката и авторка Сузана Турунџиева кој на својот фејсбук профил напиша со што одново се соочува Атиџе:
Поради се поприсутна злоупотреба на името МЕДЕНА ЗЕМЈА, (МЕДЕНА ПЛАНИНА) “МЕДОТ НА АТИЏЕ” повторно и оваа сезона сакам да ве потсетам дека на пазарот секојдневно се појавуваат многу манипулатори кои го злоупотребуваат нејзиното име и продаваат мед од непознато потекло и квалитет.
Напоменувам: Атиџе нема голема количина на мед, нема етикети и сама, со божја помош го продава она што го има.
МЕДОТ ОД АТИЏЕ е само оној мед кој сте го купиле лично од неа, или јас сум ви помогнала да го набавите. Се друго е само мед со непознат квалитет.