Ацо од Кочани: Ве молам помогнете ми куќата да ја доправам, да има што на моите две деца со попреченост да и оставам
Ацо Мицев е несреќен 55 годишен човек кој ја имал судбината речиси сиот живот да го помине под кирии, а кога создавал семејство и двете деца да му се родат со посебни потреби. Од 2004 со помош од роднини и пријатели успева да изгради неколку соби во Кочани.
Но, силата му е истата да ја направи само до плоча, па, кога врне за нив е вистински пекол, бидејчи се им се поплавува и немааткако да ја заштитат скромната покуќнина. И, Ацо и негооовото семејство е предобро. Помагаат и работат ако некој ги викне, бидејќи така си го олеснуваат животот. Ацо дури има дарба и за масирање, па многу од неговите клиенти во знак на благодарност им носат храна и финансии колку да ја поминат неделата. Но, не им е загарантирана иднината на моите деца кои се со попреченост- ќе каже Ацо, па затоа замолува доколку може хуманиот народ да му помогне само да ја доправи куќата за да има што да им остави на децата.
Ацо е роден во Пресека, живеел во Оризари, потоа во Зрновци и конечно од кириите се спасува крајот на 2003 година кога со помош на хуман народ успева да издигне неколку соби во Кочани. За несреќа двете деца кои ги создале со Билјана нема да бидат здрави, па до доцни години тие ќе бидат зависни од нив и е мораат да ги носат во посебни училишта.
Несреќа е и што се затвора печатницата во која работел Ацо и оттогаш нема да може да најде работа зашто, подоцна Ацо дознава дека има и проблеми со срцето и нема да смее да работи тешка физичка работа. Среќа ќе дознае дека има моќ да масира и им помага на луѓето, а, тие за возврат секоја недела по нешто им помагаат за да можат да преживеат.
-Тешко ми започна животот. Сиот живот го минав под кирии. Децата ми се родија со пречки во развојот и учеа во специјализирани училишта. До големи не зборуваа. Сопругата и јас својот живот им го посветивме на нив. Многу беше тешко во туѓи куќи, па еден ден дојдовме во Кочани и со помош на пријатели направивме куќа до плоча. За жал, еден ден се затвори фирмата во која работев и вадев леб за фамилијата, па, и куќата остана недоправена, а, и животот започна да ни минува тешко. Среќа знам да масирам, па, народот во знак на благодарност ми дава на пазар колку да ја поминеме неделата.
И, сопругата не работи, па, животот ни е навистина тежок. Пред извесно време забележав дека имам проблеми со срцетои бев во приватна болница во Скопје, каде останав околу еден месец. Им реков на докторите дека и јас и моите деца сме во нивни раце, зашто ако не преживеев и децата нема кој да ми ги прехрани- вели Ацо од Кочани за Срце на дланка.
-Многу се измачивме со семејството – ќе потврди и Билјана сопругата на Ацо, која вели дека имало денови кога останувале и без леб. А, најтешко и биле затворени дома во куќата во која се протекува, кога Ацо бил во болница. Се плашев дека сопругот нема да се врати и дека нема да преживееме ако почине-додава таа.
Секој човек посакува убав живот, но, некако повеќе мисли на поколението и како после него тие деца ќе живеат. Затоа и Ацо, веќе знае дека неговото време одминува, но сака на децата да им обезбеди сигурен кров и затоа единствена желба му е да направи кров на глава кој ќе ги штити од дожд и кој ќе им биде се што некогаш на децата ќе им остави.
Доколку сакате да му помогнете на семејството на Ацо тоа може да го направите на неговиот телефонски број 076867573 или на неговата трансакациска сметка 200002332962027