Баба Благородна од демиркаписко има 100 години и само една желба
Во денешно време се поретко гледаме луѓе кои доживуваат длабока старост и уште поретко троцифрена бројка на роденден.
Сепак има и такви случаеви кој се ретки но сепак ги има. Една од нив е баба Благородна Јованова од демиркапиското село Дрен.
Баба Благородна има сто години и нејзина новогодишна желба е пак да прогледа и да прооди, за да си ја види фамилијата.
-Господ да ми даде видело, да одам. Ама годините се ногу, не се враќа веќе. Тајфата нека биде жива, вели таа за ,,Миа”
Заедно со нејзините блиски, ќерката Мица и зетот Лазо, се обидовме да погодуваме, што е тоа, на што се должи нејзината долговечност.
Родителите не и биле долговечни. Четирите сестри изживеале по над осумдесет години. Еден брат доживеал 91 година, друг заминал млад.
Поради зрачење на ра к на кожа на лицето, ослепела прво на едното око. Потоа и на другото, бидејќи имала ,,перде”, а докторите не сакале да ри зикуваат со зафат.
Таа најголем дел од животот го поминала во родното демиркаписко село Дрен. Единаесет години е вдовица. Зема семејна пензија од сопругот. По прележаната корона, една година е неподвижна, со придружба чекори по некој чекор. Слепа е веќе две години.
Не е писмена, бидејќи како мала, во нејзиното село немало училиште, а немала каде да престојува, за да се школува во школо во друго село.
Како млада мајка, имала можност вонредно да се описмени, но немало кој да и го чува детето, па така, за жал ја пропуштила и таа шанса. Наместо со потпис, се потпишува со отпечаток од прст.
-Пред мене и зад мене родени во моето село Дрен, сите изум реа. Уште само јас останав, воздивнуваше бабичката со тешко срце.
Не е маанџика, не пребендисува јадење. Има бо лен желудник и затоа голем дел од исхраната и се млечни производи. Има камења во жолчка. За ручек главно манџи, а за вечера домашни супи. Наутро пие пет апчиња, навечер две. Има четири деца, седум внуци и 14 правнуци.
Таа како дете чувала кози и редовно јадела матеница, козјо млеко и сирење, а и подоцна чувале кози и секогаш на трпезата имале здрави домашни производи.
Имала и тешки периоди во животот, особено кога била дете, биле сиромашни, а како млада невеста кога се омажила за сирак, морале да спечалат за да изградат куќа. Низ годините се грижела за домаќинските работи, а одгледувале и земјоделски култури.
Некои долговечни луѓе кажуваат како обичај им е дневно да се напијат чашка вино или ракија за циркулација, како лек. Но, таа не е љубител ниту на едното. Никогаш не пушела цигари.
За оваа старица, на којашто, ако и го гледате лицето, нема да и дадете старост од еден век, вели дека не се пла ши од заминување на другиот свет.
Дотогаш, таа продолжува да живее во домашна атмосфера, топол дом и многу љубов. Во куќа со поглед кон каменото царство на Демиркаписка клисура и реката Вардар.