Баба Винка на 80 години седна зад волан на фичо и стана атракција: Дрифтува по планина, а не му одолеа и на четирицклот
Јован Митровиќ им е многу добро познат на љубителите на автомобили, а големо внимание привлече поради својето црвено „фичо“.
Минатиот месец на Копаоник ги покажа сите можности на овој легендарен автомобил на кој многумина можат да му позавидат, но тоа не е се. Јован ги освои симпатиите на публиката благодарение на неговата баба Винка од подножјето на Сува Планина.
Баба Винка има 80 години и е возач аматер, но тоа не ја спречува да даде гас и да се забавува со внукот!
Оваа необична баба вели дека кога била млада немала можност да вози автомобил, па еднаш се пошегувала дека порано смеела само да вози волови на пасиште.
Меѓутоа, нејзиниот внук Јован за првпат и го ставил воланот во раце и со сите сили се трудел да и објасни како се вози автомобил
Покрај во кабриолетот, баба Винка се испроба и во возењето на фичо.„Леле, дрифт… Момци, баба цело време вози под квачило“.
На видеото кое го објави нејзиниот внук, можете да ја видите баба Винка како го возела „фичото“ низ фудбалскиот терен, додека Јован се забавува како ја учи бабата да менува брзини, како да го врти воланот и која педала да притисне.
– Ова е баба Винка. Пред неколку години и дозволив да ги вози „Полија“ и „Голф 2“. Со првиот добро се снајде, но со „голф“ за малку ќе удреше во дрво – вели Јован.
– Луѓето постојано ме прашуваат кога повторно ќе вози нешто ново. Навистина сакам да го снимам и сакам да им покажам на луѓето дека и нашите баби на 80 години можат да направат се, тие се одлучни и храбри, но и желни за добра забава и смеа во овие сиви времиња.
– Со баба ми многу се забавуваме со фотографирање и снимање, тоа малку и го менува секојдневието, бидејќи се грижи за домаќинството и прави многу во текот на денот. Многу ја сакам и на овој начин се трудам да го поминувам времето со неа на забавен начин – изјави Јован.