Бајрам од Скопје: За ден – два одам на улица, не се живее под отворено небо во овие студени денови
Семејство е место каде животот почнува, а, љубовта никогаш не завршува. За жал 60 годишната Туркијан Бајрам од Скопје го памети местото каде и започнал животот, но, сака да ја заборави суровата сегашност, во која како што вели таа е изневерена и протерана од најблиските.
Пораснала во населбата Топанско Поле во Скопје, во семејство од двајца родители, три сестри од кои таа е најмала и еден брат.
Татка си го губи одамна, пред неколку децении. Братот се жени и повеќе не знае ништо за него. Постарата сестра се мажи и преселува во Тетово.
Најмалата сестра среќата пред неколку децении ја наоѓа во Германија. Останува таа со мајка си во станот во кој го минала и детството.
Најмалата сестра се враќа од Германија како разведена, мајка и пред см ртта одлучува да го подари станот на средната сестра,
Под услов ако затреба таа секогаш да биде поддршка на другите две сестри. Минуваат години. Подарениот стан е продаден и местото на живеење заменето со стан во Тетово.
Но, нетрпеливоста расте, а, растат и проблемите помеѓу Туркијан и средната сестра. Таа вели дека недоразбирањата добива димензија и на семејно насил ство.
Па, еден ден оваа жена завршува на улица. До денес, по низа перипетии низ социјалните установи Туркијан е прифатена во шелтер центар кој наскоро ќе биде затворен, а таа повторно вратена на улица
– Сум преспивала и под отворено небо, а сега за некое време и тоа ќе ми стане секојдневие, вели Туркијан која ја започнува приказната пред камерите на ,,Срце на дланка”
– Стечаен работник сум, животот го поминува со 9.000 денари, со тие ги подмирувам основните работи за јадење и лекарства.
– Но не останува пари воопшто, ниту една од сестрите не сака да ме прибере, си велам мојата по којна мајка да им се појави на сон, да им каже да ме земат, вели со солзи Туркијан.
– Не сум способна да плаќам кирија, е обратив и до градоначалникот бидејќи сум на улица во овие студени ноќи, на никој да не го даде ова што јас го доживувам.
– Ми ветуваа дека ќе ме сместат во старечки дом, но од тоа останаа само празни ветувања. Сега треба да го напуштам шелтер центарот.
– Останувам повторно на улица, јас имам само живот и тие 9.000 денари како стечаен работник, друго ништо, вели со тешко срце Туркијан од Скопје.
– Многу е тешко да немаш кров над глава, не знам што ќе правам, секој ден ми поминува тешко, на ништо не се радувам, само мислам на тоа да имам дом.
– Ги молам сите надлежни и институции да ми помогнат да добијам кров над глава, не барам ништо повеќе, вели искрено Трукијан.
Доколку сакате да и помогнете на Туркијан да пронајде дом или на било како друг начин тоа може да го направите на телефонскиот број 075 431 572 или на трансакциската сметка 300117028406291