Билјана Дебарлиева со нова улога: Горда сум, ми овозможи да овековечам дел од мојата кариера
Билјана Дебарлиева безмалку секој ден имаме можност да ја гледаме на малите екрани, нешто што е случај веќе со години наназад.
Популарната Биле со својот шарм, непосредност и природна убавина, низ годините ја задржа својата автентичност пред гледачите, а со текот на времето како да подмладува.
За младешкиот изглед и за коментарите дека изгледа доста помлада од возраста, таа раскажува дека во поглед на негата нема нешто што посебно би го издвоила, освен оние вообичаени утрински и вечерни ритуали на нега на кожата со препарати што одговараат на нејзиниот тип кожа и на годините.
Дебарлиева својата кариера ја започна многу млада на Македонската телевизија, а оттогаш во нејзината кариера продолжи да работи на различни проекти. Брои скоро 30 години активна работа на телевизиските екрани.
По 11-годишниот ангажман во Канал 5 ТВ, Дебарлиева пред неколку месеци се префрли во ТВ 24 и ја води емисијата Фактор Здравје. Но, таа не мирува, па така овојпат сподели дека е дел и од нешто ново.
Горда што сум дел од “ТАЛИЈА”-театарска приказна, филм на Саше Серафимовски, сведок за 125 години театарска игра во Тетово.
Ти благодарам @serafimovskisase што ми овозможи и јас да овековечам дел од мојата професионална кариера во едно вакво ремек дело со трајни вредности!