Благица Павловска емотивно се отвори за најблиските кои не се меѓу живите – особено за нејзината мајка Илинка
За постарите генерациите името и презимето на Благица Павловска беше синоним за пејачка, музичарка и пред се жена која знае да направи забава. Својата кариера ја започна во делечните 80-тите и почетокот на 90-тите години од минатиот век.
Познатата фолк-пејачка кога се појави на сцената беше позната низ поранешна Југославија, но и во дијаспората.
Благица тогаш изгледаше многу поразлично отколку што изгледа денес, што може да се види и од една стара фотографија што неодамна ја објави еден нејзин колега, а која веднаш стана хит на социјалните мрежи.
Благица својот прв албум „Не можам да те заборавам“ ќе го издаде во 1993 година, а истата е го издаде и албумот „Птичица“.
Секогаш весела и насменана, подготвена за добра и весела атмосфера. Нејзините песни се без рок на траење, таа успева сите да ги развесели и расположи со своите песни кои ги знаат сите на памет, од најмлади до најстари.
Каде и да настапува таа прави неверојатно добра атмосфера, а публиката секогаш задоволна си заминува од настапите.
Благица е активна на социјалните мрежи каде овојпат сподели емотивна порака посветена на нејзините најблиски кои не се веќе со неа.
Рано утрово сакам да ви посакам убав и креативен работен ден драги мои фб пријатели. Воедно посакав да си ја споменам мојата мајка Илинка, мојот татко Добре и мојот брат Ацо таму на небото каде што е тишината и вечниот сон.
Секако да им се заблагодариме за она што нашите родители ни оставиле во наследство од родителите кој макот рпно се избо риле за сите нас 5 деца и за потомокот од истите да живеат во радост и среќа.
И од срце да ги спомнуваме во сите наши радости и таги, нека се слуша искрената порака за нашата мајка Илинка, напиша Павловска.