Благоја Грујовски се соочува со здравствен проблем – за жал мораше да објави
Благоја Грујовски е едно од најпознатите музички имиња во фолк музиката во Македонија кој својата музичка кариера ја започнал пред скоро три децении.
Им ги исполнил желбите на двајцата родители, па станал новинар и музичар, а најмалку се надевал дека ќе земе микрофон да пее, во групата со која настапувал претходно уста не отварал.
Грујовски е познат и по ангажманот во Македонско Радио цели 16 години за кои вели дека му биле многу напорни бидејќи паралелно имал настапи.
Ретко кој знае дека е роден во Белград, дека е дете на студентска љубов, но дека корените му се од Лазарополе. Отсекогаш важел за човек кој остава впечаток кај жените.
Во брак е скоро 13 години со 24 години помладата сопруга Ирена, а претходно беше во брак познатат водителката Татјана Стојановска со која го има синот Матеј.
Грујовски често е букиран со настапи било да се тоа свадби, приватни прослави, но и организирани концерти по некој повод, па овојпат реши да сподели информација која разо чара многумина.
Драги мои реканци жалам што (од здравствени причини) нема да бидам дел од вечерашното музичко дружење со вас и моите колеги.
Верувам дека овој музички настан поттикнат од нашиот Фатон Асани и поддржан од сите нас ќе продолжи и во иднина и со повеќе содржини.
Целта е да се дружат младите од овде и од Европа, и да се негува нашата реканска култура.Ве поздравувам и ви посакувам убава вечер.