Боки 13 излезе од болница по операцијата, па емотивно раскажа низ што поминал
Поранешниот водител и шоумен Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, во неделата на 14 јануари по петти пат беше опериран, а сега зборуваше за Телеграф.рс и откри како се чувствува.
Како што ни откри, операцијата била напорна и траела дури четири часа.
– Немам веќе сили, но во ред, се опоравувам. Сега ми извадија два липома, резултат на операција, од двете страни на стомакот.Тој додаде дека е отпуштен од болница и моментално е на домашно лекување.
Направив операција на Државната клиника, а операцијата траеше меѓу три и четири часа, ми беа извадени липомите и сега сум во завои, што е нормално – изјави Боки.
– Се помина добро, искрено се надевам дека повеќе операции нема да има. Во неделата имав операција, а вчера излегов од болница, сега сум дома – ни изјави Боки.
Да потсетиме, Боки 13 неодамна излезе од затворот „Идризово“ каде помина четири години.