Борко Ристовски кажа зошто е во политика, а проговори и за функција
Долги години беше незаменлив на голот на македонската ракометна селекција, но во последно време Борко Ристовски го нема во националниот тим.
По богатата интернационална кариера во едни од најдобрите светски клубови како Барселона, Рај Некар Ловен, Гумерзбах, Ал Ахли, Бенфика и многу други тој се врати дома и веќе две сезони е дел од Вардар.
Полека но сигурно Борко е на залезот на својата кариера, па во еден период беше и политички активен во ВМРО ДПМНЕ.
Ристовски беше гостин во емисијата Г Карпет каде зборуваше за својата кариера како спортист, за неговите успеси и неуспеси но и за тоа дали би сакал да биде дел од политиката.
Според него, најголемиот неуспех конкретно во спортот му е тоа што како репрезентација не успеавме да се пласираме на Олимпијада.
– Не се гледам себеси како политичар, се гледам себеси во спортот и околу спортот. Политиката јас ја разбирам за да можеш да направиш нешто за спортот.
Без политика не можеш ништо да промениш значајно во спорт, на било кое поле и нашево општетво е до толку исполитизаарно да не можеш ништо да направиш.
Јас се бо рам реално да смениме нешто во спортот. Не ми треба функција сакам да смениме нешто во спортот. Јас сум голема птичка,бу нтовен сум по природа.
Ќе ми каже некој абе што ти треба полтиика тргни се, обезбеден си спортиста си што ти треба.. ние од тоа незборење „ај бе тргни се на страна“ и ќе дојдат некои полунеписмени и такви ќе ни ја водат државата, вели Борко.