Бојана од Скопје живее во мрак и гладна: Немам ниту за храна, ниту за сметки, желба ми е да си најдам барем сродна душа
Како деца можеби сите сме посакувале да бидеме некои време сами со себеси бидејќи осаменоста е местото каде секогаш можеме да сонуваме и да бидеме среќни. Можеби единствен исклучок од тоа е Бојана Колева од Скопје, која денес има 37 години и е единствениот успешен десетте претходни обиди на нејзината мајка да донесе на свет здраво и живо поколение.
По името на докторот таа го добива нејзиното име. За жал, среќата на оваа жена можеби некаде по пат и ќе се изгуби, зашто на 6 годишна возраст таа по удар со топка во една детска игра го добива првиот напад на епилепсија.
Нападите подоцна се интензивираат и јавуваат секој ден. Додека биле живи бабата и родителите можеби и не било толку страшно зашто имала приход за живот од нив. Иако, за да биде погребана бабата, мајка и подигнала кредит и го ставила станот под хипотека која денес е обврска на оваа жена. Но, денес Бојана живее сосема сама и поради болеста не може да најде или задржи ниту една работа. Со месеци живее без приход, само со помош и милостина од соседи и пријатели, но, поради немање средства веќе неколку месеци живе без струја, а нема средства ниту да си ја купи терапијата.
Бојана е прескромна. Посакува само вработување, а понатаму и човек кој би ја прифатил каква што е и би имале заеднички живот.
Бојана е родена и израсната во Чаир. Првите години не ни навестувале дека подоцна животот на оваа личност ќе биде многу тежок. Млада го губи татка си, а подоцна и бабата и била поддршка. Но, можеби најмногу ќе и стане тешко кога останува и без мајка си со која некако успевале да врзат крај со крај.
Уште од мала во несреќен случај се стекнува со епилепсија. Нападите и станале чести во младоста и денес. А, можеби тоа ќе биде причината и за денешниот тежок живот на оваа жена која кога и да најде работа секогаш истата ја губи поради нападите од болеста.
Најстрашно е што со месеци освен што нема пари за храна, Бојана нема ниту средства за терапијата за епилепсија.
-Животот ми започна убаво, но, не се движеше во таа насока. На мои шест години дечиња ме удриле со топка и го добив првиот напад. Потоа, почнав са се борам со епилептични напади, па учителката сакала и барала од мајка ми да ме запише во специјално училиште.
Сепак, мајка ми не дозволила и потоа завршив и средно, а се запишав и на факултет за психологија. Баба ми почина и мајка ми подигнала кредит за да ја закопа, ставајќи го станот под хипотека.
Потоа, ја губам и мајка ми и започна мојот осамен живот. Долги години поради мојата болест не можам да најдам сигурна работа, и еве последниве месеци сум без денар приход. Немам ниту за храна, ниту за сметки. Од мај не бев моќна да плаќам ни струја, па, живеам и без струја- вели Бојана.
Бојана извесно време била среќна бидејќи како што кажува таа, била верена и била на пат да роди бебе. Но, го губи бебето, а подоцна се разделува од вереникот, и повторно се враќа во студените ѕидови од нејзиниот стан, онаму каде и денес го минува сама и гладна своето секојдневие.
Сепак, таа ќе каже дека е голем верник и има надеж, дека ќе најде работа и ќе го животот, а подоцна и сродна душа која ќе ја разбира и со која ќе го дели животот.
-Бев верена и чекав дете со вереникот. Ама не знаев дека не треба да пијам терапија, и го изгубив детето. Потоа и вереникот ме остави. Пак, останав сама и без закрила. Имам добри пријатели, соседи, ми даваат храна, помагаат и многу сум и благодарна.
Но, не губам надеж. Верувам дека ќе најдам работа и дека ќе најдам сродна душа со која ќе го делам животот –завршува Бојана за Срце на дланка.
Доколку сакате да и помогнете на Бојана Колева тоа може да го сторите на трансакциската сметка 210501683023769 или на нејзиниот телефонски број 077616467.