Бугарите јавуваат за втор инцидент во Скопје: Група навивачи на Шкупи нападнале двајца навивачи нa Левски во стара чаршија

Бугарските државјани приведени во Скопје, навивачи на Левски, се уште не се ослободени, јавува „Телеграф“.

Преку специјална акција на стадионот „Тоше Проески“ преостанатите приврзаници на „сините“ успеаја да ги соберат потребните 2300 евра за плаќање на казните на приведените кои се движат од 150 до 200 евра по лице.

Уапсените како што наведуваат бугарските медиуми се држава во станица во близина на куќата на Мајка Тереза.

Според информациите на локалните власти, одговорноста за инцидентите на стадионот е на компанијата за обезбедување. Обезведувањето употребувале навреди на влезовите каде Бугарите биле принудени да се соблечат за проверка.

„Денеска стана јасно дека вториот инцидент со Бугарите во Скопје е решен без посериозни последици. 10 следбеници на Шкупи со ножеви нападнале двајца наши сограѓани, кои изнајмиле хотел во близина на стариот дел на градот. За среќа, овој пат нападот не успеа.“ вели бугарски Гонг.бг