Ванчо од Кочани: Дваесет години не знам како изгледа да се избањаш и да се затоплиш
Ванчо Митев има 69 години и потекнува од Штип. Нема да успее да се снајде во животот, па, својата старост ја минува премрзнат и гладен. Никогаш ќе рече тој нема да се ожени и да создаде семесјтво.
А, не живее добро ниту со роднините бидејќи како што самиот тој ќе каже –премногу го потценувале и избркале од нивните животи. Како млад среќата си ја барал и на запад, но, боле ста и болк ите ќе го спречат да успее и ќе го вратат повторно во родната земја.
За жал овојпат уште полошо и од претходно. По см ртта на родителите тој буквално преживува. Не може да најде соодветна работа и последните години живее од социјална помош. Веќе дваесет години живее без елементарни услови за живот –струја и вода.
Топлината ја добива од стариот јорган останат од неговата мајка со кој се топли дури и на минусни температури, и во моментите кога не питачи низ градот затоа што последните две годии нема ниту за леб бидејќи му била укината и социјалната помош.
Помош ќе рече Ванчо нема од никој, ниту од соседи ниту од роднини. Со години не купил ништо затоа што нема средства. Топлина и нормални улови ќе каже овој човек не почувствувал повеќе од две децении.
– Имам проблеми, немам пара, немам јадење, храна нема, од што да живеам немам ништо.Жената и таа отиде нема што да јаде, проси по улици, што да правам.
Немам ни дрва, од кај да ги купам. Тешко е, жената плаче. 20 години сум така, и повеќе. Никој не ти помага, вода 25 години немам.Во туби собирам вода, немам, нема од што да платиш тешко е, ја започнува својата приказна Ванчо за Срце на дланка.
Вкусот на храната исто така го заборавил бидејќи не може да си дозволи да си купи ниту леб. А, се би дал барем за миг да има греалка вели Ванчо за да може да си ги стопли премрзнатите коски и да може да со храна да го нагости својот прегладнет желудник.
– Колку може да се помогне, дали храна, дали нешто, да се јаде, да имам да живеам, барем храна да имам да јадам. Жената питачи по улици, ако и дадат 50 денари за леб.., се барањата на овој нап атен човек.
Ванчо Митев живее во центарот на Кочани во семејна куќа од неговите родители. И, можеби и живот може да го нарече само периодот додека биле живи неговите родители. Во младоста бил и повеќе бор бен ќе рече за себе.
Па кога го бркаат од работните место во родниот град, тој среќата ќе си ја бара во Германија. Но, сериозната здравствена ситуација и чи рот што во стомакот ќе му нанесе сериозни бо лки, ќе го вратат назад во Кочани и повеќе нема да му се укаже шанса за да замине во странство.
– Бегав за Германија, но нема и таму е тешко. Миев чинии во хотел, малку, едно две години бев таму. Немав виза, требапе да имаш работна виза а јас работев на цр но, јазикот го научив ама требаше да се оженам за Германка па да добијам виза.
Таму е полесно и поубаво, но треба да имаш работна виза. Имав оп ерација и не можев да работам, затоа се вратив од Гемранија, додава Ванчо.
И таа минимална помош што ја имал од државата веќе две години не ја добива поради одреден прилив на средства што ги добил од игри на среќа. Извесно време вели тој живее со жена која е со попреченост, а, заедно за да преживеат мораат да питачат низ градот и пазарите.
Некои промени некогаш изгледаат негативни и мислиме дека никогаш во наиот живот работите нема да се сменат. Но, сепак треба да знаеме дека сегашниот момент е се што имаме и затоа треба да напрвиме се што е во наша можност СЕГА да биде примарен фокус во нашиот живот.
Тоа што сега и во иднина овој човек посакува, е храна во стомакот и греалка за да го стопли премрзнатото тело.Не пријатност, ст рес, тен зија,грижа се облици на наудобност предизвикани од премногу мисли за иднината, а премалку живот во сегашноста.
-Се тресам, студено е, плачам, па и храна слабо се хранам, а не бива. Просиме по улица, мојата жена по пазарот проси, се моли по народот.
Обрнете внимание на она што луѓето го прават, а не на она што го зборуваат. И, кога животот ќе ве притисне од сите страни не заборавајте:Секогаш. Ама баш секогаш, мораме да почнеме од почеток.
Доколку сакате да му помогнете на Ванчо Митев тоа може да го направите на телефонскиот број: Ели (за помош за Ванчо само на Вибер )078822000 ул. Раде Кратовче бр.120 Кочани (Адресата на Ванчо).
Целата сторија низ видео прилог може да се погледне тука.