Вардар пак ќе биде тим за страв и трепет: Пред неколку моменти го промовираше новиот спонзор
Повеќекратниот македонски ракометен првак Вардар веќе почна да ја добива поддршката од бизнис заедницата во Македонија, и со задоволство потврдуваме дека компанијата Бествеј Солушнс ќе биде дел од спонзорскиот тим на „црвено-црните“ во иднина.
Со тоа почнува најавениот процес на финансиска стабилизација на тимот и создавање на спонзорски тим кој во иднина треба да му помогне на Вардар да се врати на врвот, во Македонија и во Европа.
Извршниот директор на Вардар, Борко Ристовски и сопственикот на Бествеј Солушнс, Ненад Стојкоски ја офицализираа соработката, и ги најавија новите ветришта кои треба да дуваат во Вардар во иднина.
„Ни претставува огромна чест и задоволство да бидеме дел од спонзорскиот тим на двократниот европски шампион РК Вардар. Ја поздравувам идејата на клубот да ги вклучи легендите на македонскиот ракомет Борко Ристовски и Стојанче Стоилов во раководната структура на клубот. Верувам дека со оваа наша поддршка, ќе придонесеме РК Вардар да се врати каде што му е местото, а тоа е на врвот, изјави Ненад Стојкоски, сопственикот на компанијата.
Бествеј Солушнс е партнер од доверба на водечка светска платформа за iGaming. Како нивен надворешен соработник, нуди беспрекорен микс на експертиза, иновации и силна поддршка. Заедно ги редефинираат границите на успехот на динамичната iGaming индустрија. Нивниот тим на високо обучени професионалци има богато знаење и искуство во корисничка поддршка, техничка поддршка и комплексноста на оваа индустрија, што им овозможува да постигнуваат извондредни резултати за клиентите и успешно да се справат со сите предизвици кои ги носи индустријата.
Извршниот директор во клубот, Борко Ристовски најави уште нови спонзори кои треба да му помогнат на тимот во остварување на зацртаните цели.
„Благодарност до Бествеј Солушнс што ќе биде наш партнер во иднина и го препозна она што во клубот го правиме за враќање на Вардар на патот на успехот. Промените што почнаа во Вардар, и играчки и организациски, сега ги прошируваме и на другите полиња.
Сигурен сум дека нашиот спонзорски тим што веќе почнавме да го создаваме ќе ни овозможи не само нормално функционирање, туку и исполнување на плановите во иднина. А тие се враќање на трофеите, враќање во европскиот ракометен крем и создавање на нови играчи. Секој почеток е тежок, но ќе ни биде многу полесно со поддршката што ја имаме од Бествеј Солушнс, и од другите спонзори што ќе додат во семејството на Вардар, изјави Борко Ристовски, извршниот директор на „црвено-црните“.
Екипата во моментов се подготвува во Маврово, по што ќе следуваат неколку контролни средби, изаминување за Струга на меѓународниот турнир „Струга 2023“. Потоа следува двомечот со Рајн Некар во квалификациите за Лига Европа.