Васко, пилотот кој се врати од пензија за да гасне со Ер трактор емотивно се обрати: Ова ми дава сила

Васко Михалчев е еден од двајцата пилоти кои се вратија од пензија за да ги управуваат противпожарните авиони Ер Трактор.

Тој доцна синоќа се огласи на својот фејсбук профил каде што напиша:

-Вечерва сум посебно среќен затоа што добив огромна поддршја од моите сограѓани и пријатели од мојата Битола.

Ова ми дава сила да продолжам понатаму да се борам со огнената стихија која ја погоди Битола и цела Македонија.

Не смееме да заборавиме да им одадеме чест и поддршка на сите кои беа долу и се бореа со огнот без престан. Тие се вистинските херои. Ви благодарам на сите за убавите зборови.