Велко е во лоша состојба, го дели креветот со неговата мајка, не е способен сам ниту да се измие

Семејството Младеновиќ од селото Куштица кај Бујановац, татко и мајка кои имаат болен 17-годишен син, немаат струја поради долг од 2.000 евра.

Велко е дете со пречки во развојот и го дели трошниот кревет со својата мајка. Немаат ни бања ни основни услови за живот.

Семејството Младеновиќ живее на непристапен планински терен, со детски додаток и социјална помош, а на помош им дојде хуманитарката Тамара Мисирлиќ.

Здравствената состојба на Вељко дополнително е загро зена од условите во кои живее. Тој оди во училиште за деца со посебни потреби.

Мајка му го носи на училиште, како и на терапијата што ја прима во Ниш, поради сето тоа мајка му не може да работи и е посветена на него.

-Што да правиме, се справуваме некако, морам да се грижам за него, сам ништо не може, не може ни да се измие – вели мајката Стојанка.

Вељко вели дека би сакал да има своја соба и бања. Семејството е на 12 километри од Бујановац, а на осум километри од првата продавница во соседното село.

Куќата во која живееле е речиси урната, а куќата во која моментално престојуваат им ја дал роднина и е во многу лоша состојба.

Има бројни пу кнатини на таванот и ѕидовите, а прозорците се стари и искршени. Дува од сите страни, а тие се премрзнати.

Подот е во голема нечистотија, целиот мебел е стар и нефункционален. Тие се изолирани од цивилизацијата и живеат во неизвесност да не станат бездомници.