Весна од виничко се грижи за внуката Сара која е парализиран: Ќерка ми ја остав и избега, се борам, но не знам што ќе биде после мене
Весна е тажна жена на која срцето и се крши на парчиња зашто сама мора да се грижи за својата болна внука Сара. Живее во семејна куќа во виничкото село Пеклани и вели дека имала ќерка со психичко растројство, која пред неколку години откако се развела поради лошиот брак, се вратила со детето кај родителите. По краток период мајката на Сара заминала, оставајќи ја малата која е со посебни потреби и повеќе никогаш не се јавила.
Иако со дијагноза детска парализа, Сара во Весна гледа како на своја мајка, па постојано ги изустува само тие зборови. Очигледно зашто во Весна гледа потпора и зашто чувствува потреба од мајка. Денес, Весна живее многу тешко. Со мининални средства кои ги заработува сопругот, оваа жена има колку да се прехрани, но пари за лечењето на Сара не достигнуваат. Секојдневно ја храни со лажичка, ја носи да си поигра, зашто таа е сиот нејзин живот и смисла, но со болка в душата кажува дека напорно и е што нема пат до куќата, и тој што постои е лош, па кога треба да ја носи на лекар таксистите не сакаат да дојдат до куќата и постојано мора да ја носи во раце. Средствата што сопругот ги спечалува се минимални, а најголема желба и е да има доволно средства за да ја однесе внуката на сите потребни испитувања, за да може да и ја олесни состојбата и цврсто да ја застане на нозе.
Весна Постоловска е родена во Делчево. Во 1989 година доаѓа во Виница во село Пеклани, каде раѓа две деца. За жал, девојчето Ивана ќе расте со психички проблеми и доколку не пиела лекарства станувала агресивна-вели Весна. Во 2017 година Ивана се омажила во карбинци и ја родила малата Сара, внуката на Весна. А, Ивана откако како што вели Весна била малтретирана во домот на тогашниот сопруг се враќа во родната куќа. Но, не за долго, зашто откако дознала дека детето и е болно од церебрална парализа, таа заминува и три години до сега не се јавила да праша како е ќерката. Оттогаш започнува тешката одисеја на оваа храбра баба или мајка како што знае единствено да ја нарече Сара.
Тешко минува секојдневието на Весна. Што поради беспарицата и месечниот приход од само 6100 денари, што поради немањето слух во институциите каде што се обраќа. Весна ја храни, ја облекува, ја негува, ја чува, ја шета малата Сара и вели дека таа за неа е целиот свет. И, ќе ја чувам и ќе се борам за неа додека дишам ќе додаде таа, само малку да ми се олесни живеењето. Барем да се направи патот до куќата каде живееме за да може да доаѓа такси кога ја носам во болница, да имам бесплатни физикални вежби и да ме упати некој невролог каква терапија да и давам би била најсреќна–ќе заврши оваа храбра жена.
-Откако се омажи ќерка ми и ја донесе на свет Сара, почна многу тешко да живее кај сопругот. Ќерка ми е и со психички проблеми и мора редовно да пие терапија. Кога видовме дека не може повеќа да остане кај сопругот, рековме ајде поради Сара да ја земеме кај нас, со надеж дека таа ќе се грижи за нејзиното дете, а ние ќе и помагаме. Сара не е како другите деца. Таа се роди со церебрална парализа и само поради мојата упорност е на овој степен на напредок ако може да се каже дека е добра.
А, ќерката почна да не ја пие терапијата, да оди по кафани, се додека еден ден не замина, и еве веќе трета година како не е вратена. Не се ни јавила да праша како и е детето. А, јас да не ви кажувам како живеам. Само сопругот работи земјоделие, и тоа што ќе донесе со тоа живееме. За Сара земам нега и тоа е се. А, зарем можеш со 100 евра да купиш и пелени и да ја носиш на лекар, и на физикална, и да и купиш витамини, и храна. Не возможно е. Во градинка не ми ја примија, а таа толку сака да се дружи со дечиња.
Другата година ќе треба да почне со училиште, а како ќе биде не знам. Дури и во парк и на лулашки децата ја избегнуваат зашто постојано е со отворена уста и им е чудна. Не е како другите. Многу ми е тешко. Таа е зависна од мене. Мајка и никаде ја нема. А, што ќе биде после мене не знам. Додека сум жива јас не ја оставам, а после мене што ќе биде навистина не сакам ни да помислам. Барем сега да и олеснам додека можам, затоа барам да ми го направат патот до куќата зашто такси не може да дојде до тука, па морам пеш да одам со неа во раце. Многу би ми олеснило и ако имам бесплатни физикални вежби и барем некој невролог да ми каже каква терпаија треба да прима моето внуче- ќе каже тетка Весна за Срце на Дланка.
Времето кое денес сме го добиле никогаш повеќе нема да се врати. Треба да сватиме дека треба да жвееме, да избереме пат, да собираме емоции, да одиме напред. Во моментите кога ни е најтешко само треба да ја ставиме раката на срце и да речеме: Живи сме! А, ќе дојде и денот кога товарот ќе ни падне од него и ќе започнеме еден поубав живот.
Доколку сакате да и помогнете на Весна тоа можете да го сорите на нејзината жиро сметка 300057115958688 или на нејзиниот телефонски број 078813546