(ВИДЕО) Борче од Штип шокиран од сметката за струја што ја добил: Бев во ЕВН а тие грчат раменици
January 17, 2024
Борче Ѓорѓиев од Штип е шокиран од сметките за струја кои му дошле во последнитие два месеци, особено за последниот
-Еве сметката за струја ја носам со мене и истата е со енормно висока цена од 18.591 дена. Претходниот месец ми дојде 10.500 денари и веднаш отидов во ЕВН.
Таму грчеа раменици, но преживеав некако и ја платив со мисла дека следниот месец ќе има некое порамнување и работите ќе си дојдат на свое.
Но еве сега ми дојде оваа од 18.590 што е навистина многу, ставенс сум во блок 4 како најголем потрошувач. Ова не е во ред, треба да се преземе нешто за да се реши, изјави за ТВ стар Борче.
Како што вели минатото зимо во ударните месеци му доаѓале сметки од 6.000 до 7.000 денари, а сега не му е јасно што се случува.