(ВИДЕО) Во Чаир ништо ново – сега на кошарка влета навивач и нaпaдна играчи на противникот
Во Чаир на спортските терени дефинитивно не е безбедно да се гостува – констатација која може да се даде по низата случки што се случија во минатото, но и неодамна.
Дали тоа било ракометен, футсал, фудбалски или кошаркарски натпревар, нема разлика, а доказ за тоа е мечот помеѓу Чаир и Работнички.
Веќе првиот меч на екипата на Чаир 2030 во својата сала „Шабан Трстена“ во матичната скопска општина донесе голем срам кој сигурно ќе значи суспензија на теренот за подолго време, откако навивач на чаирчани втрча во теренот и со бок сови го нападна кошаркарот на Работнички, Ерик Нотаџ.
До немилиот настан дојде с кон средината на вториот период, при убедлив водство на гостинскиот тим (44-23), а по мала кавга на Американецот од „Градски парк“ со домашниот плејмејкер, Арбин Рушити.
Неодговорниот гледач го претрча целиот терен за да стигне да го удри Нотиџ, по што беа одвоени, но домашниот навивачи не се предаде па продолжи да замавнува со цел да го но каутира противничкиот кошаркар.
Целата ситуација беше смирен дури по влегување на обезбедувањето и полицијата, по што судиите и делегатот се повлекоа од теренот за да решат дали ќе се доигра без публика или, пак, средбата ќе биде прекината.