Милевски останува селектор за плата која е вистинско богатство за наши услови

Како што пренесува „Спортспорт.мк“ вчера на седницата на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија било одлучено да му се продолжи договорот на селекторот Благоја Милевски.

Според веќе договореното Благоја Милевски и во наредните две години ќе остане на клупата на Македонија за месечен личен доход од 10.000 евра.

Оваа сума за македонски услови и стандар и тоа како е голема.

Како што е познато Милевски не ја ужива довербата од целокупната јавност и навивачите поради не така пријатните резултати.