(ВИДЕО) Митко Јанчев не запира, по, автобус, камион и багер, сега возеше и воз
Првиот човек на Општина Кавадарц Митко Јанчев иако поради својата фунцкија има доста обврски, сепак наоѓа време и е посветен семее човек на сопругата Веселка и трите деца: Никола, Стојанче и Мила.
Митко Јанчев е дипломиран инженер-геолог на Универзитетот „Гоце Делчев” Штип, а Магистерските студии на истиот ги завршува во отсекот на техничките науки, петрологија, минералогија и геохемија.
Тој е сопственик и управител на ДПТУ Кожувчанка од Кавадарци, првата приватна компанија за производство на вода во Македонија.
Функцијата управител ја превзема на 23 годишна возраст, по заминувањето од овој свет на неговиот татко кој беше основач на компанијата Кожувчанка.
Јанчев е познат и како голем хуманист и помагател на здравството, културата, спортот и слично.
Освен тоа важи за човек кој сака да вози најразлични возила. Освен кола и мотор, тој се има пофалено дека вози и автобус, камион, багер, машина за чистење снег. Исто така и возеше трка во рамки на ридско брзинскиот шампионат на Македонија.
Но овојпат направи чекор повеќе, а станува збор за управување на воз.
„Убавите работи носат среќа!Нов туристички воз од денес низ улиците на Кавадарци. Градоначалникот Митко Јанчев прв ја имаше честа , од Кавадарци до Моклиште , да го вози овој воз кој предизвикува насмевки.
По симболична цена, дечињата ќе имаат можност да се возат до Ваташа и Моклиште и назад до Кавадарци. За убаво Кавадарци!“, порача Митко