(ВИДЕО) Тежок скандал во Куманово: Навивачи на Башкими влетаа во терен и тепаа играчи на Каменица Саса
Македонскиот фудбал и се е можно. Насилството на фудбалските терени ниту сезонава не изостана.
Имено на денешниот дуел од Втората луга помеѓу Башкими и Каменица САСА кој заврши нерешено (2-2) имаше неславен финиш.
Имено во 89. минута од мечот еден навивач на домашната екипа од Куманово влезе во терен и прво со шише вода го поли играчот на Каменица Саса а потоа и го турна, па се струполи на земја.
Во продолжение следеа мачни и тешки сцени, па финишот на мечот се издолжи. Во цела гужба еден фудбалер на Башкими и заработи црвен картон.
Гостинските играчи дури и одбиваа да го продолжат мечот, но делегатот Добре Марков и главниот судија Миле Лазов и наложија да се вратат и да го доврашат. За волја на вистината сите предуслови да биде прекинат мечот беа исполнете, влез на неслужбени лица во терен, физички напад, но зошто не беше прекинаат останува да видиме.
Инцидентот може да го проследите на временски исечок од 2:18:44