Вработен кој бил на боледување 15 години ја тужел компанијата бидејќи не му дала покачување на платата
Иан Клифорд е вработен во IBM кој е на боледување од 2008 година. Пред 15 години, Клифорд беше оставен на боледување поради ментално здравје, а четири години подоцна му беше дијагностицирана леукемија. За време на боледувањето, неговата плата изнесувала 54.000 фунти годишно (околу 60.000 евра), а исто толку ќе добивал и до 65-тата година од животот.
Но, минатата година тој ја тужеше компанијата за „дискриминација на инвалиди“ бидејќи не му ја зголемила платата во последните 10 години. Трибуналот за вработување во Рединг го отфрли неговото барање, а судијата му рече дека тој имал „многу значајна привилегија и добар третман во компанијата“ во текот на тие години.
Клифорд (50) вели дека шансите да доживее 65 години се „многу мали“ и дека само сака да се погрижи неговиот син да биде финансиски згрижен по неговата смрт.
„Луѓето можеби мислат дека тоа е дарежлива сума, но тие суми се бруто и без даноци… Јас плаќам даноци за сето тоа. Имам син кој е на факултет. Не ти ја намалуваат хипотеката затоа што си болен“, тврди тој за Телеграф.
Како што пренесува Индекс, Клифорд започнал да работи за американската софтверска компанија Lotus Development во 2000 година, пет години откако IBM ја купи за околу три милијарди фунти. Во септември 2008 година заминал на боледување до 2013 година, кога се пожалил дека во тој петгодишен период не добил покачување на плата или регрес за годишен одмор.
Во април 2013 година, IBM му понуди компромисен договор во кој беше договорено тој да остане на платен список без работа поради неговата здравствена состојба. Според тоа, вработените имаат право на исплата на 75 отсто од претходно договорената плата до пензионирање.
Договорената плата на Иан Клифорд беше 72.037 фунти, што го прави 54.028 фунти годишно според договорот.