Врчак по долго време објави фотографија од себе и тоа како ужива во Маврово
Раде Врчаковски- Врчак беше еден од нашите најпопуларни рапери. Неговите песни „Пред да заспијам“, „И повторно сам“ и многу други беа мега хитови, а и денес се пеат. Врчак, заедно со Тамара и со Адриан Гаџа беше и на „Евровизија“ во 2008 година во Белград.
Врчак, по стапките на татко му, познатиот доктор Миодраг Врчаковски студираше медицина, а паралелно и музика, на познатиот американски музички колеџ „Беркли“.
Но потоа тој реши да се повлече од јавноста и настана затишје и во музичка смисла се до пред нова година кога најави нова песна.
Со тоа тој најави враќање на музичката сцена на Фејсбук а тоа го стори со објавување на неговата песна после долго време со наслов ,,Да ме лижнеш”
Но по објавување на истата, многу негови фанови и познавачи на неговото дело беа затечени од спотот и од неговиот обработен глас.
Тоа воопшто не личеше на она што го твореше тој изминатите години и недостасуваше неговиот силен глас со кој беше препознатлив.
Но тој на својот Фејсбук профил сподели видео од последниот концерт на ДНК и откри дека прави нова песна со ДНК и упати порака:
,, Да имаме иднина со миљарди нови нај љубени пријателчиња приклучете се сите против ро бства на животинчиња, порача Раде Врчаковски.
Покрај напорното работење на нови проекти и издавање песни, Врчак пронаоѓа време и да се релаксира а периодов го користи помниувајќи го во Маврово.