Газда Александар од Пехчево нуди почетна плата од 1000 евра, а вели може да стигне и до 1300 евра
Александар Ѓорѓиевски Џузе од Пехчево нуди почетна плата од 1.000 евра за дрвосечачи, а сопственикот денеска беше контактиран од локалната телевизија ТВ Стар.
Огласот го има на социјалните мрежи, а понудата која интригира не е измама ниту лажно ветување, вели Александар.
Неговите барања се осум часа работен ден, а за возврат работникот добива службено теренско возило и платен оброк.
Сопственикот вели дека поискусните работници кај него добиваат до 1.300 евра плата, односно дневница од 50 евра, пренесува ТВ Стар.
Биди дел од Би Груп-18, водечка компанија во Македонија која поставува стандарди во преработката на дрво со најнови технологии и иновативни методи. Секогаш следејќи го темпото на технолошкиот напредок, воведувајќи го во секој аспект на нашето работење. Ние не сме само преработувачи на дрво, ние сме амбасадори на напредокот.
Во моментот, поради зголемен обем на работа и производство го прошируваме нашиот тим. Отворени се повеќе работни позиции кои можете да ги погледнете на сликите подолу.