Голем инцидент во струшката болница: Искршиле стакла, па влегле на хируршко и нападнале доктор и сестра

Инцидент во струшка хирургија, две лица во раните утрински часови се обидела да ја обијат заклучената врата од одделението кое се наоѓа на приземниот кат од болницата.Бидејќи не успеале, за да влезат внатре,ги скршиле стаклата од прозорците.Во моментот на хируршкото одделние каде има многу хоспитализирани пациети, дежурале еден доктор и 4 медицински сестри.

-Едниот од нив беше повреден, но не почека нити минута да видам за што се работи, ведаш без никаква причина ме нападна, вели дежурниот доктор Илми Речи.

“Бевме нападнати во хирурушката амбуланта од страна на хулигани ,освен вербален конфликт имаше и физички напад, ние се снаоѓавме. Имаше физички контакт,да не зборувам, ама јас се борев со него и мораше и да се заштитам”-вели д-р Илми Речи

И покрај ваквото недолично однесување и стравот кој го претрпе целиот персонал,ние му ја саниравме повредата, но загрижува тоа што ова не е прв инидент.Поради тоа се чувствуваме крајно небезбедно, вели доктор Речи.Како да сме боксерски вреќи со нас се пресметуваат и роднини на пациентите.

Луѓето многу често се однесуваат агресивно,а ние мора да бидеме разумни, додава началникот на хурургија доктор Златко Лазаревски.Се наоѓаме под притисок бидејќи ова се случува и на интерното одделение.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Алфа Тв.