Горанчо од Злетово разочаран од правата во државата: Пукале во него, бил ранет со нож, кобила со копито го удрила во глава, а на крај него го прават виновен
Спречувајќи инцидент доби нож во ребра, спасувајќи туѓа кобила доби копито во глава и чувајќи си ги нивите пукале во него.
Горанчо Манев од Злетово е вреден земјоделец и за себе вели дека е чесен и лојален граѓанин на државата. Работи од утро до вечер, си ги плаќа даноците, го храни семеството и силно верува во правда.
Ова последното му доаѓа доглава, бидејќи му се рушат сите претстави за закон, правдина и слични работи…
-Јас верував во институциите дека има правда и разврска, од штета. Но сега сето тоа верување го изгубив, а има и зошто. Од 2017 нонстоп имам штети. Туѓи коњи ми уништуваат нивите. Ми крадат дрва од коријата. На сите можни полиња сум сардисан.
Една ноќ отидов да ги набркам коњите од мојот имот. Од едната нива ги избркав, отидов во другата и само над мене истрели. Јас избегав, се спасив некако. Од страв не влегов во викендицата, се плашев да не ме чека некој внатре. Спиев, поточно цела ноќ стражарев надвор.“ вели Горанчо за Тв Стар.
„Имам огромна пара за подигање, се е завршено, пресудено, се е кај извршители, но немам скршена пара земено од тие пресуди. Во една прилика пред продавница се случи тепачка, јас сакајќи да ги раздвојам еден ме прободе со нож од зад грб. Потоа се борев за живот, повреди на дијафрагма, ребра, имав операци. Јас сум пола човек со оглед на две година што бев на боледувања.
Но тоа не е крај на маките за Горанчо. Имено тој еден од коњите кои му правеле штета го зел кај себе. Го нахранил, напил вода, но нов пех.
„Имено додека му давав вода да се напие, тој ме удри со копито во глава. Но останав свесен, во близина до мене беше синот, тој се исплаши, но му реков дека не ми е ништо. Но по 15 минути сум се онесвестил, дури вечерта се пробудив и кога гледам во болница сум. Имав тежок потрес на мозок“.
Наместо тој како оштете, на крај бил обвинет тој. Имено лице од Кочани го пријавило дека коњот му го украл од неговиот двор, па полицијата му тропнала на врата на Горанчо. Но тој свесен дека тоа не е точно, одбил да го потпише записникот.
Вели дека ангажира адвокати и правдата ќе ја бара во Стразбург.