Горан: Вие со бугарските пасоши сте полоши и од Албанците во Македонија – сега ќе ви кажам зошто
До нашата редакција пристигна порака која ни привлече внимание, а истата е од Горан С. Истиот не замоли во целост да не му го откриваме идентитетот за да го поштедиме од навредите и лошите коментари кои несомнено ќе ги добие, но инсистираше неговиот став да го објавиме.
„Јас едно ќе кажам, вие Македонците со бугарски пасош сте полоши и од етничките Албанци кои што живеат тука, се прашувате зошто, епа ќе ви кажам сега.
Сите добро знаеме Албанците како се однесуваат кон Македонија, нивните (не)чувства кон државните и националните симболи на нашата држава.
Барем тие не се кријат и јавно си го кажуваат тоа што го мислат, а нивните амбиции и се поголеми барањеа во секоја сфера не ме изненадуваат. Некој тоа и го овозможил. Веќе од поодамна сме на чисто со нив, такви се како што се. А згора на се голем дел од нив имаат само македонски пасош, ни Албански ни Косовски, ниту па некој друг.
Е сега за Македонците со бугарски пасош. Е тие би ги рекол лицемери, луѓе со кој никогаш не си на чисто. Токму нивните вадења пасоши и изјаснувања за бугари (ги имат нашите соседи сите нивни изјави при интервјуата) си го направија своето. Бугарија дојде да си го наплати данокот.
Токму тие, Македонците со бугарски пасош сега се најгласни иако се (не)свесни дека токму секој од нив придонел сега бугарите да си го бараат тоа што го бараат. Што се вели направиле штета за државата на сметка на нивниот личен интерес.
А свесни се за тоа, не дека не. Сооглед на тоа што 80 отсто од нив се кријата дека имат бугарски пасоши, се срамат и самите од тоа, но неќат да признаат. Вие сте скриени негатори на Македонизмот и мекедонската историја. Еден од главните виновници што Бугарија си ја присвојува и препишува за своја нашата историја.
Е тоа драги мои е многу поопасно од оние што јавно и отворено се непријателски настроени кон Македонија.
Си вадат изговори, финасиски причини, подобар живот, а во исто време глумат патриоти и гласно негодуваат и кажувате што не чинело. Па ако сте патриоти и стварно сакате да помогнете на државата бујрум, откажете се масовно од пасошите на нашиот источен сосед.
За работа во Европа барем сега е лесно, ако тоа ви е изговорот, барат секаде и со визи и слични начин ако сакате пак ќе работите. Ама барем ќе помогнете на дело за Македонија, а не вака. Поентата ми е што самото Македонче си е виновно за Македонија, лесно е да се критикува и негодува, тешко е да се понуди или направи конкретен чекор за решавање на проблемот.
Додека секој еден од нас не тргне од самиот себе и не го промени мајнсето, се дототгаш друг ќе ни е виновен“.
*Напоменуваме ова е личен став на Горан С. и нашата редакција се оградува од изнесените ставови.