Горан од Куманово: Цела среќа што имав залиха пелети од лани, инаку еден месец ќе бев без греење
За семејството Јовчевски од Куманово веќе 8 години пелетите се главен енергенс. Вложиле околу 20.000 евра за да го постават целиот систем.
„Но верувале дека инвестицијата ќе им се врати и преку пониски трошоци и преку почист воздух. Но оваа година греењето ги чини повеќе од двојно поскапо од лани.
По сезона во просек трошиме помеѓу 800 до 1000 евра, но да се разбереме ние грееме цела спрат и бојлер од 200 литри кој што е на системот“, вели Горан Јовчевски.
А сега во најдобра рака тоа би не чинело помеѓу 2000 до 2.500 евра, со иста квадратура, со исто користење.
Ако во минатот грејна сезона една вреќе чинеше помеѓу 180 и 240 денари, сезонава за истата таа вреќа граѓаните плаќаа помеѓу 500 и 600 денари.
„За наша среќа имаме залиха од минатата година, инаку ќе бевме лоша позиција. Еден период, можеби еден месец би биле без греење ако немавме залиха“ вели Горан.
Владата ги замразна цените на пелетите на 2. ноември, но оваа одлука дојде предоцна кога цената веќе беше превисока, иако прогнозите беа многу порано, уште со старот на руско – украинските настани.
„Не треба на нас да тие да ни дават ни пари ни ништо, само да интервенираат на пазарот и да ги ограничат давачките и сите тие работи за да може луѓето да живеат и да се греат нормално во оваа нашаа држава“ завршува на крај Горан за емисијата „Детектор“