Горан по она што му го направиле на неговиот татко Стево во струмички дом за стари лица: Им давав кеш пари, 650 евра месечно
Нехумано и неетички е тврдењето на надлежните од домот за стари лица „Св.Јован„ во Струмица, дека раните по телото се резултат на ненавремено носење на терапијата за Паркинсонова болест, револтирано објаснува синот на 72годишниот Стево, кој по престојот во домот, сега се лекува од декубитните рани . Горан Манев, кој вчера јавно проговори за агонијата со кој се соочува неговиот татко и понатаму останува на ставот, дека терапијата ја носеле редовно, а причината е негрижата и лошата хигиена..
„Крајно сум револтиран на изјавата од домот дека апчињата за татко ми не сме ја доставувале навреме. Станува збор за лекови за Паркинсонова болест, а не за декубитни рани. Раните не ги е добил бидејќи навреме не сме ги доставувале, туку се добиваат од нехигиена и негрижа на мојот татко„ вели Горан Манев.
Дека има недостатоци во старскиот дом Св.Јован, лани во март утврдиле и инспектори од Министерството за труд и социјална политика. Им било дадено рок во максимум од два месеци да обезбедат соодветен број на сестри, геренто домаќини, технички персонал кои ќе се грижи за санитарно-хигиенски услови во објектот, бројот на кревети да биде во рамки на дозволениот максим и да постават сигнални уреди за корисниците. Н
о од она што може да се види на интернет страната на Министерството за труд и социјална политика, оваа година во февруари инспекторите, повторно чешлале и утврдиле дека директорката на домот во целост не постапила по претходното решение, по што е изречена опомена во делот на кадарот и бројот на кревети.
Дали ги отстраниле недостатоците, од домот не сакаа да коментират, со образложение дека сите информации може да ги добиеме доколку отидеме во нивната институција.
Но синот на Стево, Горан, се сомнева дека освен за инспекторите од ресорното министерство, во домот работа би имало и за финансова полиција..
„Тие не сакаа да им ги пуштам на сметка, парите ги сакаа во кеш. Ги носевме парите 650евра месечно на каса прими, ни фискална ни ништо„ вели Горан за Алфа ТВ.
Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на ТВ Алфа.