Гоце од Скопје: Барем да имам лична карта за да аплицирам за работа, малку ми треба за да живеам понормално
Гоце Спировски е момче кое на само неколку месеци старост, како бебе бил оставен пред јавна институција во Скопје од неговата мајка. Го дознал тоа од неговата маќеа Милица кога пораснал и одел во основно училиште. Од тој факт и тој момент веќе ништо не е исто во неговиот живот. Се чувствувал предаден и повреден од најблиските. Поради таа болка станува личност со растројства во свеста и поради дијагнозата на непресметливост лежел во соодветни институции за тие потреби. Сепак, дополнителна тежина е што и татко му бил алкохоличар и не му обезбедил убав живот во детството. Пораснав само со леб, маргарин и компири- се сеќава низ солзи ова момче. Не ме испратија ниту на полуматура и матурска прослава и секогаш се разликував од врсниците.
Татко ми ја продаде куќата во која живеевме, додека јас печалев во странство, па останавме на улица. Лани кога тој почина немав пари ниту да го погребам. Просев од соседите за да го ставам во земја човекот кој ми дарил живот-ќе додаде тој. Денес со мојата мајка Милица живееме во соба од нејзниот татко, која не и е во нејзина сопственост и може да бидеме на улица во секој момент. Немам работа поради мојата дијагноза, а немам ниту лична карта за да се пријавам за социјална помош. И, денес животот е немилосрден кон ова момче и не му дава никакви шанси. Ниту да се чувствува како граѓанин на општеството, ниту да биде корисен за него. Затоа за себе и за неговата единствена мајка Милицаа како што вели тој, ќе се бори до крај и посака да го стави срцето на дланка.
Гоце имал тежок почеток на животот. Болен со висока температура со само два месеци старост од биолошката мајка бил оставен пред Мајчин дом во Скопје. Го згрижиле во дом и првите три години од животот ги поминал во згрижувачки семејства. Неговиот татко се преженил со Милица која подоцна ќе се грижи за него зашто Гоце ќе стане смисла на нејзиниот живот. Иако татко му останува без работа и тешко минале првите девет години од нивниот заеднички живот, сепак еден ден во момент додека таткото вршел семејно насилство се сеќава Гоце, Милица му ја кажува вистината дека таа не му е вистинска мајка.
Оттогаш сиот свет се руши во главата на Гоце. Започнува неговата голгота и талкање по вистината и во желбата да дознае зошто токму тој морал да има ваква судбина. Можеби тоа се случило во најлош период од животот на Гоце, зашто според неуропсихијатрите тој тоа тешко го поднел и станува личност со значително битно намалена пресметливост која голема енергија троши на самоконтрола. Згора на цела тешк судбина, ова момче заедно со неговата мајка бил и жртва на семејно насилство и на булинг во училиштето каде учел.
-Како мал сум бил оставен на само два месеци како куче пред Мајчин дом во Скопје. Ме земале служби и до три годишна возраст сум живеел по домови и згрижувачки семесјтва. На три години дојдоа татко ми и неговата пријателка Милица да ме земат и за првпат дојдов дома. Од три до дванаесет години не можам да кажам дека убаво живеев. Јадев само леб, маргарин и пржени компири. Татко ми пиеше многу и не малтретираше мене и мајка ми Милица. Еден ден додека ја тепаше Милица низ солзи кажа дека не ми е мајка.
Тоаш цел свет ми се сруши. Од тој ден веќе не сум истата личност. Подоцна одев и по психијатри кои ми кажаа дека во многу лош период на адолесценција сум го дознал тој факт, и на многу лош начин. Поради тоа и пораи булингот на училиште од децата од кои се разликував јас станав личност со психичко растријство која не може да се контролира и која е не предвидлива. Подоцна кога пораснав одев работев во Грција, Бугарија и Барселона и од секаде им праќав пари на мајка ми и татко ми. Таа го напушти поради малтреирањето, а татко ми за само 5000 евра ја продал куќата во Кучевишка бара и останвем на улица. Среќа Милица не прими во една соба од брат и во Ченто каде и ден денес живееме-вели ова напатено момче.
Татко му на Гоце после многу години живот во населбата Козле се согласува со браќата и сестрата да ја продаде куќата. Со делот од парите купил куќа во Кучевишка бара, кој после неколку години додека Гоце е на работа во Грција ја продал за само 5000 евра. Откако ги потрошиле парите оделе под кирија за последните години, до лани кога го нашле убиен во Градот да живеат во соба на братот од Милица во населбата Ченто. Гоце едвај платил за погребот одејќи од куќа до куќа за да собере пари.
А, од лани со Милица живеат со само 6000 денари месечно, зашто тој не може да извади лична карта за да добие социјална помош или да побара работа. Гоце неколку пати посегнал по својот живот зашто смета дека вака не треба никој да живее и дека за малку среќа му треба само мала шанса. Или да работи или да му се помогне за лична карта и социјална помош. А, на прашањето што е за него Милица тој гордо ќе рече: „Таа е личноста за која и животот би го дал и која единствено ме сакала во животот„.
-Да можев да го вратам времето никогаш нема да го повредам Гоце. Жал ми е , и чувствувам грижа на совест за неговата состојба. Да не го кажев тој збор дека не сум му мајка, сигурно ќе беше поинаку. Немаше да го повредам вели неговата мајка Милица.
-Лани лежев во Бардовци и додека Милица ме земаше оттаму, татко ми некаде излегол. После неколку ден ни кажаа дека е пронајден мртов на Козле, населбата каде тој сиот живот го поминал и каде и јас растев во првите години од мојот живот. Немав пари да го погребам, па од соседи барав пари за да го ставам во земја. Многу ми беше тешко лани ова време, кога наместо да се радувам за роденденот, јас го закопував татко ми. Со мајка ми живееме со сто евра месечно и тоа е премалку за да го истераме месецот. Некогаш немам ни за храна. Играв една игра на тик ток и со парите оттаму купив два кубика дрва. Барем да имам лична карта за да аплицирам за работа или ако не најдам работа да се пријавам за семејна пензија од татко ми или за социјална помош. Малку ми треба за да живеам понормално. Сакам достоинствен живот како и сите други. Ништо повеќе не сакам за мене и мајка ми, која е едонствената жена за која би го дал животот. Таа е се за мене и единствеата личност што ме сакала, иако не ме родила-завршува Гоцe за „Срце на дланка“.
Понекогаш се откажуваме од борбата зашто мислиме дека немаме сила и затоа што сме почувствувале дека светот е бзобразно неправеден. А, најмногу затоа што си се почувствувал предаден од најблиските и оние кои најмногу требале да те заштитат. Но, да запомниме: Најважни не се големите чекори туку оние најмалите. Оние потези што сме ги направиле кога се во нас говорело дека нема да успеееме. И, на крајот се ќе ни стане јасно. И, кога сите ќе помислат дека сме се откажале мие ќе се вратие-посилни од било кога!
Доколку сакате да му помогнете на Гоце тоа можете да го направите на неговиот мобилен телефон 077504888 или на нивната трансакциска сметка 210501734360631