Гоце од Штип спие на душек под отворено: Барам покрив над глава, како и работа, но никој не ме прима

Веќе петта година по ред, душек и перница се целиот дом на штипјанецот Гоце. Млад ја губи мајка си, а заради притисок заминува од дома и живее на улица.

Вели дека во скромниот дом кoј го имаат нема место за сите и заради тоа излегува од куќата во која живеат неговиот брат со семејството и неговиот татко.

Тешко е раскажува пред камерите на М-Нет телевизија, но полека се навикнал на ваков живот. Во аголот во Трговскиот центар во Штип вели оваа година ја поминал најстудената зима.

„Имам кров над глава ама излегов од дома за да имаат моите кај да живееат. Брат ми има две деца и татко ми е со нив, јас излегив од дома за они да имаат каде да живеат.

И сега дојде моментот, навикнав се на овој живот и сакам да живеам слободно, се навикнав и сега вака живеам.“ – вели Стоидиновиќ.

Неколкупати барал работа  до сега ама вели сѐ уште се води како невработен. Не зема ниту социјална помош, па се прехранува благодарение на хуманите граѓани кои секојдневно му помогаат.

Бара помош, за да добие кров над глава и работа за да може да се прехранува.

„На почетокот кога дојдов овде спиев на картон, додека се навикнам и постепено се навикнав и луѓето ми помагаат цело време. Многу е тешко но издржувам.

Од градот ако може да ми помогнат едно мести ми треба каде ќе може да живеам. Нвработен сум, барав секаде работа ама никој не ме прима.“ – додава Стоидиновиќ.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Мнет телевизија.