Димо од кавадаречко: Често ме напаѓаат и тепаат, страв ми е да излезам надвор, ќе умрев за леб
Димо Димков е роден во Дреново, а подоцна со семејството се сели во Возарци, Кавадарци. Има 45 години, а одамна е сам, бидејќи ги изгубил и сестрата и родителите. По нивната смрт многу тешко живее во субстандардни услови, гладен и без денар приход. Живее само со 5000 денари месечен приход недоволен ниту за сметки, ниту за храна. Разочаран е и од луѓето и од институциите. Куќата е многу стара и запуштена, а со оглед на неговата здравствена и психо-ментална состојба, нема ниту можност да биде поправена од негова страна.
Димо ќе рече дека лежел во Негорци по неколку пати, а во живот го одржува работењето во дворот и на неговиот компјутер. Во куќата Димо нема ниту тоалет,ниту бања. Хигиена одржува само во лето или понекога во корито во куќата. Сиот живот пере на раце. Нема ниту шпорет, ниту апарати за домаќинство, а од минимланите средства одвојува само 800 денари неделно за да не умре од глад. Куќата е пропадната и тече од сите страни кога врне. За да се стопли во студените денови принуден е да става пластика за да не премрзне. И, иако Димо не верува во помош, како нешто да го одржува сеуште во живот и да моли, да почне да верува во добриот свет и во хуманите луѓе.
Димо е роден на 27 август пред 45 години и поради псхоздравствената состојба која ја наследил од родителите не можеел да заврши училиште. Го сакал спортот, посебно фудбалот но немал можност поради сиромашниот живот во ништо да просперира. Посебно тешко му е по смртта на родителите кога остаува сам и без закрила. Пријатели му аплицирале за загарантирана минимална помош од 5000 денари или досега би умрел од глад. Сепак, многу му е тешко зашто за да го помине месецот мора да двои само по 100 денари на ден за да купи само леб и сува храна.
-Тешко живеам од мал, иако полесно беше кога родителите беа живи. И тие беа лица со попреченост, но, барем малку ми помагаа. Сега сум незаштитен и често ме напаѓаат и тепаат. Ј искористуваат мојата здравствена состојба. Многу го сакав спортот но не напредував зашто немав поддршка. Пријатели ми помогнаа да поднесам за социјална помош инаку ќе умрев за леб. Сега живеам со 5000 денари кои морам да ги расспоредам по 100 денари на ден за да преживеам. Многу е тежок животот-ќе рече Димчо.
Димо има голема желба за да живее во подобри услови. Сам не може. Потребни му се градежни материјали и работна сила за да го поправи распаднатиот дом. Димо лежел и во Негорци. Доделен му е и старател поради здравствената состојба. Сам готви или се снаоѓа за храна за да преживее. И, иако се чувствува разочаран и од луѓето и од институциите, барем еден мал гест на добрина, храна или било каква помош, па макар и муабет ќе направат тој да блика од среќа.
-И, јас сакам да живеам како другите. Куќата е во очајна состојба, но зарем јас можам да направам нешто со неа!? Ме сместија и лежев во Негорци неколку пати. А, тука сам се снаоѓам или ми помагаат пријател ако им остане храна. Разочаран сум од институциите и од луѓето, ама ете мора да се живее. Немам ниту машина за перење ниту кујна, денот ми минува пред комјутер или низ двор. Ако излезам во град знаат да ме нападнат и претепаат. Затоа многу не излегувам –ќе заврши Димчо.
Секој од нас има желба да го забави животот и да оди во ритамот по кој оди душата. Можеби само луѓето кои живеат во мисерија имаат желба што побрзо да завршат со својата животна одисеја. Вакквите луѓе одамна завршиле со желбите и потребите. Живеат за да огрее сонцето, и што може побрзо да зајде истото. Исто како нивниот живот. Но, истоврмеено, мечтаат и да го закопаат минатотои да подготват место утре да никне малку порозова иднина.
Доколку сакате да му помогнете на Димо тоа можете да го направите на телефонот 075289930 или на неговата лична трансакциска сметка 200003385597297 Стопанска банка