Доктор не се бањал пет години и вели: Сега конечно замирисав на човек
Докторот и новинар Џејмс Хамблин ја објави книгата „Чистота – Нова наука за кожата и убавината со многу помал напор“ која е резултат на петгодишно опсежно истражување.
Една од придобивките од оваа чудна навика е тоа што неговата кожа станала поквалитетна и го променила мирисот
– Кога ќе им кажам на луѓето дека не користам сапун и дека не се туширав пет години, тие обично се изненадени. Се разбира, сето ова се случуваше среде пан демија, па критиките со кои се соочив беа уште полоши.
– Се разбира, и пред пан демијата, за време на неа, како и сега, редовно ги миев рацете. На крајот на краиштата, јас сум доктор на Факултетот за јавно здравје Јеил, би било лу дост да не ги мијам рацете – вели овој 37-годишен доктор.
Сепак, како што вели, неговиот пристап кон туширање и капење е минималистички, а објасни и каде според него се прават грешки кога е во прашање хигиената.
– Има се повеќе случаи на акни, егз ема, псоријаза и слични автоимуни забо лувања. Најлошото е што се фокусираме само на ослободување од мирисот – сите истражувања покажуваат дека иако ги миеме рацете повеќе од кога било, сепак не ги миеме правилно, а тоа е најважно – вели Хамблин.
Тој вели дека вака се обидел да експериментира со намалување на количината на сапун и детергенти што ги користи, односно да ги сведе на минимум.
– Како што ги користев сè помалку, така помалку ми требаа. Мојата кожа стана помалку мрсна, егземата почна да се намалува.
Точно, не мирисам на лаванда, но се ослободив и од мирисот на кромид од пазувите што го имав на почетокот кога првпат престанав да користам дезодоранс.
Сега мирисам на човечко суштество. Луѓето денес мислат дека секој што не мириса на парфем не е чист. Тоа едноставно не е точно – вели тој.
Тој наведува и дека мирисите на телото се разликуваат од ситуацијата во која се наоѓаме, а го спомна и случајот со неговиот пријател кој долго време не успеал да се справи со акните.
– Знаете ли што беше единственото нешто што и помогна? Кога исфрлил се од употреба – пробал антибиотици и одредени табалети и уште многу опа сни третмани кои имаат сериозни можни последици.
– Дури кога престанал да зема било што, по неколку месеци кога кожата му била премногу мрсна, работите целосно се смириле – рекол Џејмс и додал дека смета дека препишувањето антибиотици на луѓето со акни е сосема погрешен пристап.