Дојде моментот: Екс селекторо Игор Ангеловски без „влакна на јазикот“ открива нешта кои ќе ве остават без здив
Игор Ангеловски е човекот кој со златни букви ќе биде испишан во историјата на македонскиот фудбал и воопшто спорт.
Тоа е човекот кој ја однесе Македонија за првпат на едно Европско првенство иако му ставаа пречки. И нормално, кога сегде успехот се наградува, само кај нас не што не беше испочитуван, туку и деградиран, па остана без работа.
Многу се зборуваше, популарниот Мрме досега иако поминаа година – две не сакаш да се огласува, но сега дојде ред за тоа.
Во интервју за спортскиот портал Спорт1.мк без „влакна на јазикот“ проговори и многумина остави затечни.
„ФФМ се претвори во туристичка агенција. Се закажува меч со Саудиска Арабија, затворен, со 11 измени, се руши сè што е градено, ама ним поважно им е да прошетаат до Дубаи, да го наполнат авионот со личности кои не можат ни сметките за патувањето да ги покажат
Наместо да мислат како да го кренат фудбалот и како да фатиме чекор со другите селекции. Но, одговор треба да дадат тие што го водат, иако за жал не се матурирани како личности“,
Замислете на прошталниот меч на Горан Пандев во Амстердам, не најдоа за сходно да ги повикаат семејствата на фудбалерите, а посебно семејството на Горан и неговите деца зашто тоа беше негов последен меч.
Ама важно авионот го наполнија со – ноу-нејм имиња. Уште и лажеа дека во Букурешт (првите мечеви на Еуро 2020 – н.з.) биле платени сместувањата за нашите семејства, ама ние ги имаме сметките, сите фудбалери ги имаат сметките дека сами си ги покривме трошоците за сместувањето на нашите семејства.
За разлика од разно-разните гости кои беа на трошок на федерацијата и сега не може ни да ги најдат и да ги покажат тие сметки“.
Тоа делење на премиите мина без капитенот и селекторот, а учествуваше претседателот, па се делеа премии за расчистувања на коцкарски долгови и за жал некои од фудбалерите во репрезентацијата останаа со помалку пари.