Драган Спасов Дац доби нова животна улога: Добре дојде Гаиа
Популарниот македонски театарски, филмски и телевизиски глумец Драган Спасов-Дац во последно време е познат и како музичар.
Во последно време дуото Александар Митевски и Драган Спасов- Дац се омилени на публиката откако почнаа да снимаат заеднички песни но и преработики на познатите нумери.
Минатата година Дац се ожени со неговата сегашна сопруга Весна, а радоста им се удвои и со свадбата на неговиот син Јаков со снаата Софија.
Денеска, Дац ја сподели можеби најубавата вест која секој човек сака да ја слушне. Имено, Јаков и Софија го добија првото чедо – ќерка кое доби необично име. По тој повод Дац напиша:
Секогаш кога ќе се роди некое чедо, земјата станува потешка за околу 3,5 килограми, станува посреќна за илјадници срцебајти, станува помудра, пољубовна поубава, понежна… така земјата прави рамнотежа со ѕвездата што се раѓа во негова чест.
Во тој миг насмевките се зголемуваат на најмалку илијадници усти а планетата благо трепери од нивната моќ. Всушност така планетата се врти, се движи и патува низ непрегледната вселена.
Во тој миг мајката се претвора во водопад а таткото во најсилниот вулкан за да го извикаат името на своето чедо кое ја има енергијата на своите предци!
Добре дојде на планетава внуко моја Гаиа! И сакам да знаеш дека…Ќе ти ја сакам косата, убавото носе и насмевката.
Ќе ти ги сакам очите, и веѓите и трепавиците. Ќе ти го сакам грлото, и плачот и гласот. Ќе ти ги сакам прстињата, и рачињата и ноџињата. Ќе ти сакам се’ а најмногу добрината! Твојот дедо Дац