Д-р Даниела од Итната помош откри зошто треба да се носи коцка супа во џебот за време на топлите пеколни денови
Едвај го дочекавме летото, а веќе реши да не почести со тропските горештини со првите денови. Доаѓа најтоплиот ден од почетокот на годината, за кој прогнозата е дури 36 степени.
Бидејќи високите температури често се опасни, лекарите советуваат секогаш да носите течности со себе, како и нешто што ќе ви овозможи да го надоместите губењето на минералите. Најдобро би било да не излегувате на оваа жештина, а доколку треба носете светла, памучна облека и капа.
Докторката Данијела Јевтиќ од Итната помош посочува дека возачите и пешаците се изложени на голем ризик од високи температури – прво се раздразливи во сообраќајот, а потоа стануваат троми, пренесува РТС.
– Искуството ни кажува дека особено треба да ги предупредуваме возачите и пешаците. Отпрвин поради раздразливост, а потоа доаѓа бавноста. Ги советуваме да се рехидрираат нон-стоп, да земаат доволна количина сол, да избегнуваат да пијат алкохол, изјави д-р Јевтиќ.
Исто така, посочува таа, треба да внимаваат и оние кои земаат лекови кои ја менуваат состојбата на свеста, како и епилептичарите, дијабетичарите и работниците на височина.
Загрозени се и категориите на население кои се исклучително чувствителни на загуба на течности, како што се постарите, многу малите деца и бремените жени.
– Треба да внесеме течност во нас, по можност малку минерална вода или барем коцка за супа во која може да загризат, да откинат дел и да ја проголта со течноста, затоа што тогаш не мора ништо да мешаат попатно предлага д-р Јевтиќ, пренесува РТС.
Исто така, би било добро да понесете нешто слатко со себе во случај да падне шеќерот. Кога станува збор за облекувањето, главата треба да биде покриена, а облеката да биде памучна и што е можно полесна.