Д-р Никола Пановски ја спореди Македонија со Лас Вегас: Рај за пејачи и пеачки од север, за дилери, коцкари

Познатиот македонски доктор Никола Пановски денеска се огласи на својот профил и сподели статус без влакна на јазикот

Вукојебина Во последно време се почесто нашите “патриоти” го користат овој збор кога сакаат да ја именуваат нашата земја. Секако, зборот е крајно навредлив, но тоа го овозможува слободата на говорот.

Сепак, зборот не е на македонски јазик, што секако не е патриотски. Второ, зборот суштински апсолутно не одговара на состојбата во Македонија. Во “Вукојебина”, нема жива душа. Само волци завиваат.

Нема корупција, нема крадци, нема лажговци, нема лажни вести, нема ниту партии, нема навреди. Ако ништо друго во Македонија, странците, особено амбасадорите, уживаат, се што им треба имаат, тоа не би го имале во вукоејебина.

Значи, ок, зборот е навредлив и понижувачки, намерата е јасна, но не одговара на суштината, најдете некој друг термин, по можност на македонски јазик, напиша тој.

На својот статус д-р Пановски реплицираше во коментар: Рано е за тоа. Не е заборавена од сите. Се уште има интерес за оваа богата земја. Рај за пејачи и пеачки од север, за дилери, коцкари итн. Лас Вегас.