Д-р Нико со предлог почетна плата за општ доктор близу 50.000 денари: Ние сме фини и не бараме преку леб погача
Познатиот д-р Нико Беќаровски од токсикологија секојдневно на социјалните мрежи споделува анализи и предлози во врска со актуелните случувања во земјава. Така и овојпат, се огласи:
“Европски коефициенти“ во македонски денари.Многумина здравствени работници и соработници не прашуваат што значи поимот “европски коефициенти на плати во здравството”
Еве за да биде наједноставно овие коефициенти ќе ги трансформираме во конкретни бројки. Ако просечната нето плата во Македонија #ДЕНЕС е 36.600 денари тоа значи дека основна сестринска плата првиот ден на вработување не смее да е помала од 28.500 денари во Здравствените домови, па се до 46.000 денари на главните медицински дипломирани сестри во Клиниките.
Општите лекари при првиот ден на вработување не треба да имаат пониска плата од 48.800 денари, па се до основна плата за Редовен професор во Клинички Центар од 119.800 денари.
Аналогните слични коефициенти секако дека треба да важат и за стоматолозите, фармацевтите, лаборантите, рентген техничарите итн.
И за крај основната почетна плата во образованието не смее да е пониска од 40.260 денари, бидејќи без квалитетно образование нема ниту солидно здравство.
Вториот модел на пресметка може да е врз основа на минималната нето плата во Македонија, модел кој на сите здравствени работници и соработници и на сите вработени во образованието во дадениот момент уште повеќе би им одговарал.
П.С. Во Финска пратеничката плата, е многу, многу, многу помала од учителската и лекарската !!!
П.П.С. Ние сме фини и не бараме преку леб погача .П.П.П.С. За ова да се реализира неопходно е моменталната корекција да биде околу 35%, а не 10% (зависно од позицијата) а потоа, секоја година/или на 6 месеци би се вршело процентуално усогласување според процентот на зголемување на просечната плата во Македонија