ЕКСКЛУЗИВНО: Ситуацијата е алармантна, двајцата пилоти се враќаат од пензија, авионите ќе полетаат

Ситуацијата со пожарите во Македонија последни неколку дена ескалира, а особено е кртична во неготинско каде пожарот добива големи размери.

Како што е познато во пресрет на сезоната Македонија остана без помошта од противпожарните авиони Ер трактор поради недостаток на пилоти.

Во пензија заминаа два од трите пилоти и нема кој да ги лета. Но ситуацијата поради сериозноста се чини ќе се менува.

Како што дознаваме ексклузивно, пилотите се враќаат од пензија и веќе денес одржале неколку тренинг летови.

Се очекува одлука од владата за нивен ангажман и соодветен паричен надоместок за да може да се активираат и на терен во борба со пожарите.