Екс македонската репрезентативка со својот коментар ги понижи за „сите пари“ македонските фудбалери по поразот од Англија
Македонската фудбалската репрезентација н го претрпе најубедливиот пораз во својата историја, на „Олд Трафорд“ од Англија со огромни 7-0.
Пострашно е и тоа што одигравме очајно и буквално не покажавме ништо, не го видовме ниту голот на противниците.
И додека критики се нижат од сите страни, главните во ФФМ ич не се потиштени од истите и си тераат по свое.
фудбалерите сеир си фати и поранешната македонска фудбалска репрезентативка Афродита Салихи.
Таа беше дел од од женската репрезентација која исто така ја почувствува моќна на англиската селекција и низ смеа испрати порака до фудбалерите на Милевски.
„Е, нека видат како ни беше нас жените во Англија. ‘Ни било местото во кујна’. Ајде и вие на скаричка назад и пивце – ДОМАЌИНИ“, им напиша Салихи на фудбалерите после тешкиот пораз.